Apple со својот iPhone го револуционизираа пазарот на преносни уреди, и тоа во главно поради преработеното кориснички опкружување кое се базираше на управување на еден поприроден начин – користејќи допир. Објектите добија сосема нов живот под допирот на раката, со кој сега веќе можеше да се зголемуваат и прегледуваат слики, фокусира со камера, управуваат апликации и така натаму.
Од друга страна, управувањето со директен допир е проблематично бидејќи нашето тело не е предвидено цело време да носи и допира нешто, па се случуваат најразлични проблеми како заболен врат и рамена бидејќи луѓето ги држат уредите во рацете доле – а со тоа и цело време ја навалуваат главата за да работат со нив.
Google се на пат да го поправат и тоа, а воедно да направат да имате управувачко корисничко оппкружување каде и да посакате. За таа намена служи нивниот најнов проект – Project Soli. Project Soli е во суштина радар кој ги следи движењата на вашите прсти и ги препознава во гестикулации кои потоа се пренесуваат како команди во софтверот. Од Google знаат дека вашата рака е најдобар контролер за било што, па планираат да ја искористат за контрола на токму тоа – било што.
На пример, ги притискате прстите еден од друг и тоа се препознава како притискање копче; и вртите околу замислена оска и со тоа управувате гласнина на музиката, и така натаму.
Самиот концепт на радар овозможува да се смести во многу мало пакување, како на пример, рачен часовник. Воедно, тоа овозможува и да биде енергетски ефикасен бидејќи не троши многу енергија за испраќање и примање сигнали. Тие моментално работат на штелување и подобрување на прецизноста на радарот и се надеваат дека наскоро ќе можат да го применат во веќе постоечки апликации и софтвери. Во паралела тие ќе објават и API со кое разните развивачи на софтвер ќе можат да го искористат Soli за контрола на нивните апликации.
За пример на препознавање на гестикулациите и тоа како работи овој уред можете да го погледнете горното видео, а ние со нетрпение го чекаме денот кога ваков радар ќе почне да се инсталира во нашите преносни уреди за да може да контролираме цела плејада на уреди само со мали гестикулации на рацете.
Извор: NDTV, The Next Web