Додека чекаме да видиме кога ќе биде најавена новата дата за почетокот на продажба на Galaxy Fold, директорот на компанијата даде свое мислење за тоа што се случи со овој уред кој треба да го промени начинот на којшто ги користиме мобилните уреди.

Тој во разговор со неколку медиуми, меѓу кои и The Independent кои ја пренесуваат веста, истакна дека производот бил пуштен порано од што треба, односно не бил спремен за продажба. Сега уредот повторно се тестира, а од компанијата бараат уште малку време додека дефинитивно го пуштат во продажба.

„Беше засрамувачки. Го протуркав пред да биде спремен. Признавам дека пропуштив нешто на превиткувачкиот телефон, но сме во процес на исправање. Во овој момент, повеќе од 2.000 уреди се тестираат од сите аспекти. Ги дефиниравме сите проблеми. Некои проблеми не ги ни помисливме, но благодарение на нашите тестирачи, во тек е масовно тестирање.“ – истакна Диџеј Коу, директорот на Samsung.

Реално, според нас, ова е целосно нова категорија на мобилни уреди која ќе предизвика промена во начинот на којшто ги користиме овие уреди. За разлика од порано, конкуренцијата е нешто поголема и побрза, па не е ретко да производи се пуштаат пред тие целосно да се тестирани како што треба.

Ова е нешто што само ќе направи да уредот биде подобар кога ќе биде пуштен, а со оглед на тоа што не бил спремен, не се изгуби ништо од аспект на време, време кое и така требало да биде искористено за дополнителен развој на производот.

Дека работите не се такви само кај Samsung, односно дека се работи за нова технологија, покажува и одлуката на Huawei да го одложи нивниот Mate X поради дополнителни тестирања.

Запрашан за тоа кога може да се очекува Galaxy Fold повторно да биде достапен за нарачка, Диџеј Коу истакнува: „Во свое време. Дајте ни уште малку повеќе време“.

ИЗВОРThe Independent
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSpaceX нема комуникација со 3 од 60те сателити од Starlink проектот кои беа лансирани во мај оваа година
Следна статијаЛегендарниот предводник на “TAG Heuer“ и “Hublot“, Жан Клод-Бивер пристигнува на Викенд Медиа Фестивал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.