Елон Маск покажа дека со неговата SpaceX иновираат до ниво кое може да се спореди со научно фантастичните филмови. Да се гледа видео од Falcon 9 ракетата како слетува самата после успешно лансирање на товар или луѓе во орбитата, е нешто што може само со филм да се спореди.

Тој преку Twitter објави дека слетувањето на ракетите сакаат дополнително да го унапредат, со што ќе се намали тежината на ракетите, а и ризикот од нешто да не помина како што треба при процесот.

Конкретно овој план се однесува за Falcon Heavy ракетата која е развиена за носење на поголемо летало, како што е Starship леталото замислено да се користи за носење на луѓе до Месечината, па понатаму и до Марс.

Оваа ракета при првото слетување не успеа да го направи тоа успешно, па изгледа затоа сега Маск размислува како може овој процес да се направи посигурен, односно поуспешен.

Тој сака да постави посебни „раце“ на кулата за лансирање кои би се користеле да ја фатат ракетата при нејзиното слетување. Овој концепт уште е во форма на идеја, што значи дека во иднина би имале повеќе информации, но планот е да за тоа се искористат деловите од ракетата кои служат за нејзина навигација. За разлика од ова Falcon 9 има посебни „ногарки“ кои се извлекуваат при слетување, нешто што додава на тежината на ракетата, што во случајот со Falcon Heavy не е нешто што се сака да се додава.

По слетувањето, Маск најавува дека истата ракета би била спремна за второ лансирање после помалку од еден час. Ова е и главната предноста која ја донесе SpaceX во лансирањето на летала во орбитата, ракети кои се користат повеќе пати, со што се намалува цената драстично.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаMicrosoft ќе ги унифицира Outlook апликациите за десктоп и веб
Следна статијаРен Женгфеи: Хуавеј мора да ги намали деловните активности и да се фокусира на стратешките области
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.