e-dura-spinal-cord-implant

Оштетувањето на `рбетниот столб е се’ почеста појава и се претпоставува дека дури 60-80% од возрасната популација има болка во долниот дел на `рбетот , а Светската здравствена организација објави дека дури 500 илјади луѓе годишно се здобиваат со вакви повреди. Најчесто причините се долгото и лошото седење, падови и сообраќајќи при кои се случува повреда на нервите кои поминуваат низ пршлените, и повеќето вакви повреди се случуваат во долниот дел (кај кичмата) бидејќи таа страда од нашето избрзано исправување на две нозе во еволутивното минато, за кое се` уште не сме направиле соодветно приспособување, па таа точка на `рбетот претставува слаба точка која често страда.

При некои поекстремни случаи се случува нервниот столб да биде толку тешко оштетен што човекот останува парализиран и без моторика на долниот дел од телото т.е. нозете. Досега немаше некој значаен и ефикасен третман на ваквата состојба, но на помош ни доаѓаат научниците со најновиот уред кој ветува враќање на моториката кај ваквите пациенти и значително подобрување на квалитетот на животот. Најновиот уред се вика e-Dura и претставува спој од силикон, злато, платина и невротрансмитерски хемикалии.

e-Dura е уред создаден од научниците при Федералната политехничка школа од Лозен (Ecole polytechnique federale de Lausanne), Швајцарија, кои успешно демонстрираа враќање на моториката кај глувци на кои им бил прекинат `рбетниот столб. Тие дополнително демонстрирале дека ваквиот уред не е штетен за телото, тоа го прифаќа како свој и не предизвикува дополнителни оштетувања на `рбетот како што прават некои други импланти.

Уредот е свитлив и е направен од силикон низ кој поминуваат жици од т.н. испрекршено злато и платина што овозможува да биде свитлив и да продолжи да работи. Воедно тоа овозможува да се прилагодува на свиткувањата на телото и да не предизвикува дополнителни оштетувања, глумејќи ги природните ткива. Клиничките испитувања на луѓе ќе почнат во Јуни оваа година при специјалниот оддел во болницата наречен Gait Platform.

Ова претставува навистина возбудлива вест бидејќи постојат многу луѓе кои имаат вакви проблеми и на кои им треба надеж дека некогаш ќе можат да бидат излечени и дека нема да бидат инвалиди цел живот.

Извор: Cnet, BGR

Претходна статијаОтворено писмо за предностите и заканите од вештачката интелигенција потпишано од повеќе експерти од областа
Следна статијаFirefox 35 достапен за симнување, донесува поддршка за веб апликации на десктоп