museum-of-the-future-1

Дубаи пред педесеттина години беше суво селце и емират без никаква перспектива. По наоѓањето на нафта во 1966 година многу работи се сменија, а емирите на Дубаи беа одлучни да го развијат во супермодерен емират кој постана еден од најскапите градови за живеење и работа.

Дубаи не престанува со новитетите во градот, па така неговиот водач, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум ја најави градбата на футуристичкиот „Музеј на иднината“ во финансискиот дел. Музејот делумно ќе биде изработен со 3Д печатење и ќе биде дом на идните светски иновации во најразлични области, како роботика, вештачка интелигенција, друга технологија и слично.

Цената на изградба е 136 милиони долари, а неговите ѕидови ќе бидат делумно ишарани со делчиња од поезијата на шеикот. Тој ќе биде изграден на само 6 минути возење од највисоката зграда во светот – Бурж Калифа. Постои и симулација на изгледот на музејот каде може да се забележи што се предвидува да постои и да биде изложено во него. Се очекува истиот да биде завршен со градба во 2017 година.

„Музејот на иднината ќе биде инкубатор за идеи и вистински дизајни, поттикнувач за иновација и глобална дестинација за инвентори и претприемачи. Иднината припаѓа на тие кои можат да ја замислат, дизајнираат и создадат. Тука во ОАЕ ние размислуваме поинаку. Додека другите се обидуваат да ја предвидат иднината, ние ја создаваме“ – изјави шеикот Рашид Ал Мактум на претставувањето на музејот.

Извор: The Verge, ArchDaily

Претходна статијаTAG Heuer, Google и Intel објавуваат соработка за швајцарски „Smartwatch“
Следна статијаMaestro – Одлична Windows Phone email апликација