Фото: DailyMail
Фото: DailyMail

Човеколик андроид ги запрепасти посетителите на саемот за видео игри во Токио, Јапонија. Снимката од роботот која едвај може да се разликува од вистински човек достигна неверојатни 3 милиони прегледи за неверојно кус временски период. Меѓутоа не сите поверуваа во веродостојноста на видеото, односно добар дел од гледачите се уверени дека се работи за некаков вид маркетиншки трик.

Роботот се појави на промоцијата на играта Detroit: Become Human, направена за платформата PlayStation 4. Како што самиот наслов на играта вели, речиси извесно е дека се работи за ПР-кампања која очигледно остварува добри резултати. Неверојатните детали на кои се обрнало внимание оставаат впечаток на вистинска девојка меѓутоа, според движењата евидентно е дека се работи за вештачки создадено „суштество“.

Што се однесува до играта, таа ќе биде комерцијално достапна во 2018-та и се очекува да биде доста популарна. Приказната која играта ја обработува раскажува токму за андроидот Кара која успева да избега од фабриката во која е направена.

Извори: DailyMail, Mirror

Претходна статијаJargon ви ја носи вештачката интелигенција на македонски јазик
Следна статијаЛансиран холограм со вградена вештачка интелигенција