Single-Site-Wristed-Needle-Driver-da-vinci-surger-590x330

Дали би ја препуштиле вашата судбина во рацете на робот и би дозволиле тој да оперира врз вас во случај на потреба од хируршка операција? Тоа е прашање на кои етичките теоретичари и практичари во областа на вештачката интелигенција и роботиката го разгледуваат меѓу многу други. Сепак, роботите веќе ви покажуваат што знаат да направат и ве оставаат да размислувате што ќе знаат да направат за една деценија, две…

За тие што не го знаат, da Vinci роботот е машина која им овозможува на хирурзите многу попрецизно оперирање. Таа не претставува автономна машина и апсолутно зависи од хирургот кој ја управува и и` наредува што да прави во кој момент. Па сепак, таа му овоможува на хирургот поголема издржливост, прецизност, увид во местото на операцијата (поради систем на леќи кои го зумираат погледот) и други карактеристики кои овозможуваат подобра операција.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=EOzGQMnRTNw

За да ви ја демонстрираат неговата прецизност и способност за операција неговите креатори го објавија видеото каде роботот шие зрно од грозје, кое на крајот изглегува одлично сошиено. Тоа што е дополнително интересно е што шиењето го прави внатре во шише, што човек-хирург тешко би можел (или би имал потреба) да го изведе. Ако вака шие зрно од грозје, одлично ќе шие и човекова кожа. Погледајте го видеото горе и одлучете сами дали би сакале да ве оперира робот (засега) управуван од хирург.

Извор: Geek, BoingBoing

Претходна статијаFacebook официјално ја претстави Facebook Lite апликацијата за земјите во развој
Следна статијаSynaptics претстави тастатура со тастер за место кој е осетлив на допир