Ikea-Concept-Kitchen-2025-777x437

Нашиот однос кон храната се менува постојано. Од состојба на ловење храна, до развивање полјоделство и сточарство, преку окупирање со готвење, до денешното купување на готова храна – човештвото низ историјата развива повеќе различни односи кон храната, како ја подготвува и како ја употребува.

Од IKEA се свесни за ова па работат на приспособување на кујната на иднината која треба да овозможи полесно готвење и обработка на храната како и подобро рециклирање на одпадните материи, со цел да ве врати назад во кујната каде ќе подготвите јадења кои секогаш се супериорни во однос на нивната купечка варијанта. Ваквиот концепт го имаат наречено Concept Kitchen 2025.

Главната компонента е масата за готвење наречена The Table For Living. Таа е дрвена, но има и места каде што со помош на кондукција може да се загреваат тенџериња, тави и слично. Дополнително, со помош на камера одозгора и проектор, ќе проектира рецепти, состојки и временски рамки во кои треба да ја оставите храната да се готви или да отстои. На масата може да се готви, подготвува храната или да се јаде, што ќе зачува простор во местото за живеење.

ikea-kitchen-2025

Во друг дел од кујната ќе постојат отворени полици во кои ќе се чуваат различните типови на храна. Полиците имаат опција да се наместат на посебна температура, а отвореноста овозможува да видите што има во нив, во каква состојба е и дали да го земете за подготовка или не. Ова ќе овозможи поефикасно искористување на самата храна. Трета компонента во кујната ќе бидат простори за рециклирање одбележани со засебни бои. Во нив ќе ставате пластика, хартија, остатоци од храна и т.н. кои потоа ќе бидат натискувани и пакувани за да може лесно да ги исфрлите таму каде што треба.

Уште еден корисен додаток се наоѓа во мијалникот. Имено, ќе можете да одберете дали водата која сте ја собрале во мијалникот е (релативно) чиста или со отпадни материи од храна и слично. Ако е вториот случај, таа ќе оди во канализација, но ако е првиот – ќе се рециклира и собере во сад кој пак ќе можете да го истурите во машината за перење садови или во саксиите со цвеќиња надвор. Ова очигледно ќе ја намали потрошувачката на вода.

Concept Kitchen 2025 на IKEA е одличен концепт на кујна на иднината, дизајниран во соработка со студенти од Универзитетот од Ајндховен и Универзитетот од Лунд, а ако сакате да го видите во живо, поминете во салонот Salone Del Mobile во Милано. Нема да зажалите.

Извор: Geek, IKEA: Concept Kitchen 2025

Претходна статијаBMW ги покажа првите автомобили со погон на водород
Следна статијаПрви фотографии: Sony Xperia Z5 ќе биде најмоќниот смартфон!