castar

CastAR е систем за проекција на вистинска и интерактивна виртуелна (и холографска) реалност  во 3D со висока резолуција. Создаден од сегашните Technical Illusions (Jeri Ellsworth и Rick Johnson),  поранешни работници во VALVE  кои беа најмени да направат свежи контроли за интеракција за софтверот на STEAMBOX  што не се оствари додека беа под VALVE.

CastAR  очилата пуштаат слика надвор од вашите очи, односно наместо две посебни екранчиња како кај активните 3D очила, castAR над очите има двa микро проектори и камера/сензор за движење. Сликата се проектира на специјална површина наречена ретрорефлектор (или популарно наречена, мачкино око) што одбива светлината назад до изворот каде сензорот ја адаптира сликата на вашето движење, позиција и агол од кој гледате.
Материјалот можете да го ставите на било која површина (или предмети) и да уживате во холографска (стерео) 3D слика без мачнина или главоболка што понекогаш може да се појави од стандардните 3D очила кај некои корисници. Материјалот го имаме сретнато кај таблички за регистрација од секое возило,  велосипеди, полициски сообраќајни јакни, знаци и други материјали за безбедност.  Не сте ограничени со сликата, од вас ќе зависи дали сакате сликата да ја гледате на едно парче од материјалот (како на голем телевизор) или ќе ја исполепите целата просторија вклучувајќи го подот и таванот за да ја создадете виртуелната палуба од Star Trek или нивоата за тренинг од MATRIX.
Доволно е само кога ќе ги спојувате парчињата да ги обележите со IR (infrared) диоди на секое ваше движење од 100°, кои во пакетот доаѓаат како бели квадратчиња (наречени маркери) за да можат очилата да регистрираат каде почнува и каде завршува материјалот, или ако сакате одделен приказ на сликата.

За интеракција со предмети (сега за сега) од периферија има “Магично стапче”  и со него освен видео игри ќе може да се користи во медицината за симулација на тешки хируршки зафати.

castar-wand

cast-ar

Системот е составен од :

  • Две камери со технологија како во денешните телефони
  • Два проектора кои поединечно работат на 120Hz
  • 720p, односно 1280 x 720 резолуција
  • Еден оптички сензор за прецизно следење
  • Конекцијата е преку USB, DVI и HDMI
  • Електрониката во очилата ја дели сликата за секое око поединечно, што значи секое око ќе гледа слика на 120Hz (со поделена 720p резолуција.).

Ако сакате стандардни VR очила, има адаптер, едноставна маска која се закачува на самите очила и  ја пренасочува слика директно до вашите очи.
Со адаптерот нема да имате потреба од ретрорефлектор.

castar-glasses-surface

Кратко објаснување VR и AR.
VR – Виртуелна реалност, ве сместува во целосен виртуелен свет.
AR – Спојување на вистинскиот и дигиталниот свет во едно, односно модифицирање на вашата перцепција за реалниот свет преку компјутер.

castar-options

 

Претходна статијаCyanogenMod Installer апликацијата повлечена од Google Play Store
Следна статијаFacebook за Windows 8.1 надградена со повеќе функции