rolls-roys-drone-ships

Откако веќе оваа година Амазон ја претстави идејата за испорака на производи со помош на безпилотни летала или дронови и условно кажано најави дека има план да завладее со воздушниот простор, компанијата Rolls Royce најавува дека планира да го стори истото на полето на поморскиот транспорт.

Имено, оваа компанија позната по производство на луксузни автомобили, планира да произведува автономни товарни бродови кои без потреба од човечки екипаж ќе пловат по морињата.

Компанијата веќе интензивно работи на развојот на “виртуелна палуба” која ќе биде лоцирана во Норвешка, и истата ќе служи како центар за далечинско управување со бродовите насекаде по светот. Автономните бродови, ќе можат да се управуваат со помош на ГПС систем, а со тоа ќе се овозможи проектирање на поекономични и побезбедни рути. Дополнително, истите ќе бидат опремени со камери кои на оператерите на виртуелната палуба ќе им овозможат поглед од 360 степени.

rolls-roys-drone-ships2

Оскар Левандер, директорот на одделот за поморски иновации при Rolls Royce во интервју за “Financial Times” вели дека оваа идеја за автономно-далечинско управувани карго бродови не е нова и постои приближно една деценија, меѓутоа напредокот во технологијата е тоа што ја прави оваа идеја денеска изводлива.

Проценките велат дека денеска околу 90% од глобалната трговија се одвива со помош на товарни бродови. Оваа карго-бродска индустрија се проценува на 375 милијарди долари на годишно ниво. Ваквиот начин на трговија бара голема логистика, човечки ресурси и во некои случаи дури и анти-пиратска одбрана. Проценките велат дека околу 45% од оперативните трошоци, се препишуваат токму на трошоците за екипаж и слично.

Очекувањата од овој проект на Rolls Royce се дека овие иновативни карго-бродови ќе можат да пренесуваат повеќе товар, ќе бидат побезбедни, а трошоците значително помали. Нивните очекувања се дека за десетина години ваквите бродови ќе преовладуваат во оваа индустрија.

Претходна статијаLEGO коцки од 3D принтер
Следна статијаВидео од Cortana и Quiet Hours во Windows Phone 8.1