Во борба за што помало загадување низ градовите, велосипедот станува се покористено превозно средство, дури и кај нас. Низ светот се зголемува и бројката на електрични велосипеди, кои му помагаат на возачот да одржува повисоки брзини без премногу напор, а BMW сега замислува и пат за ваквите велосипеди, кој ќе функционира со помош на вештачка интелигенција.

Вака „на хартија“, Vision E3 Way патот кој планира да го изгради BMW делува како од некој научно фантастичен филм. Имено, тој има сопствено ладење со помош на прочистена вода од дожд и е целосно затворен, што значи дека ќе може да се вози велосипед независно од времето надвор, а истиот ќе биде поставен над останатите патишта, што значи дека нема да го кочи стандардниот сообраќај.

Многу поважно, ограничувањето на брзината на патот и движењето на електричните велосипеди ќе биде контролирано од вештачка интелигенција, со цел да се намалат или целосно елиминираат евентуалните судири. Брзината инаку ќе биде ограничена на 25 km/h, што е одлична брзина за велосипед, а оние кои немаат вакви велосипеди, нормално би можеле да изнајмат на често поставените станици.

Засега овој пат е само концепт и не очекувајте веднаш да го видите во некој од поголемите градови, но тој е одлична најава за тоа каков транспорт не очекува во иднина, кога „паметните градови“ ќе станат реалност.

Извор: Engadget, Neowin, SlashGear

Претходна статијаШто ќе видиме во долго очекуваната петта сезона на „Викинзи“
Следна статијаSubstitute Phone е тука да им помогне на зависниците од смартфони