Германија е земја на многу технички и технолошки иновации и не престанува да импресионира со ангажманот околу подобрувањето на перформансите и ефикасноста на најразлични индустриски процеси и технологии.
Овој пат, германската компанија Sunfire GmbH смета дека има решение за (чудниот) проблем: како да се добие бензин од вода? Тие практично го изведуваат овој процес преку користење на обновливи извори на енергија (сонце, ветер) и ја користат таа енергија за да се спроведе процесот на создавање на течни јаглероводородни соединенција (како што е бензинот) од вода и од јаглеродниот моноксид. Тие ова го постигнуваат преку користење на Фишер-Тропшовиот процес кој овозможува мешање на водата и јаглеродниот моноксид во течните јаглеводороди, а потоа преку користење на ќелии за електролиза ги претвораат овие течни соединенија во гас. Практично, преку користење на овој процес тие овозможуваат во исто време да се создаде бензин од вода, а и да се придонесе кон прочистување на воздухот од отровниот јаглероден моноксид.
Од компанијата велат дека системот е околу 50% ефикасен при создавањето на бензини, а стремат кон 70% ефикасност, но дека главната кочница во нивниот развој се бирократските и регулаторните фактори. Ова секако може да претставува голем напредок во бензинската технологија имајќи предвид дека електричните автомобили се` уште нема изглед дека наскоро ќе ги заменат стандардните, а воедно и за намалување на користењето на фосилните горива и намалување на загадувањето.
Извор: Engadget, Sunfire GmbH