2014-05-01-19-44-29-1
Алгите се голема група на организми во која спаѓаат многу разноврсни облици, кои варираат од едноклеточни до повеќеклеточни. Овие организми најчесто живеат во главно во вода, но можат да се најдат и на други влажни површини. За екосистемите, појавата на алгите се смета како непријатен и непредвидлив феномен кој настанува и ги зафаќа релативно брзо езерата, морињата и океаните.

Во последните неколку години, многу научници и фирми успеаа да најдат значајна примена на алгите претворајќи ги во био гориво или користејќи ги како еден вид филтер или прочистувач на издувните гасови од фабриките. Па така, најновите информации кои доаѓаат од една мала лабораторија од West Berkeley, USA, се однесуваат на нов прототип на револуционерна батерија која работи токму на овие организми, алгите.

Креаторот на овој прототип, Adam Freeman вели дека овој нов револуционерен вид на батерија може да се искористи за напојување на Tesla автомобилите, но и дека нивната употребливост би била дури 200 пати поефикасна од сегашните литиум-јонски батерии.  Имено, ваквата батерија има многу пократки циклуси на полнење, а исто така таа има многу поголем капацитет од конвенционалните батерии. Како што Freeman објаснува, тенките влакна од алгите овозможуваат поглатка површина при движењето на јоните, што резултира со циклус на полнење од само 11 секунди.

Досегашните тестови на ова поле, докажуваат дека алгите, теоретски е можно да се употребуваат за батерии, но она што не беше познато колку алги и колкав полнеж е потребен за да се напојува на пример еден автомобил. Freeman верува дека го има одговорот на ова прашање, но она што му фали се финансиски средства за да може овој пронајдок да го доведе до ниво на сериско производство. Она што го прави овој прототип различен од досегашните, е тоа што Freeman користи био-безбеден полимер. Полимерот е битен елемент кој се корист за поврзување на влакната од алгите со цел за создавање на подобра интеракција со електроните.

Иако овој прототип е сеуште во основа само еден куп тегли полни со алги, сепак неговиот потенцијал е многу голем. Како што вели Freeman, само замислете автомобил кој работи на органска батерија и која чини безмалку ништо, а истовремено не и штети на околината. Искористувањето на ваквиот револуционерен начин на напојување не застанува тука. Неодамна еден француски био-хемичар почна да напојува улични светилки на начин сличен на овој, со користење на алагите.

Freeman смета дека овој изум би и користел највеќе на компанијата Tesla за своите автомобили. Бидејќи политиката на оваа компанија е да користи материјали кои се само од Американско потекло, Freeman вели дека во старт имаат основа за заедничка соработка, што се надева дека ќе ја реализираат.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаWindows 8.1 ќе може да добива надградби само со инсталирана најновата Update надградба
Следна статијаFirefox 30 достапен за корисниците