Windows 8.1 Update е наречена најновата верзија од овој оперативен систем која што беше претставена на Microsoft Build 2014 конференцијата, по што беше достапна за корисниците од 8-ми Април. Оваа верзија во главно беше насочена кон подобрување на корисничкото искуство на корисниците на тастатура и маус. Некои од најглавните новости со оваа верзија вклучуваат можност за прикачување на модерните апликации на taskbar-от, појавување на taskbar-от во модерните апликации, лента на горната страна за минимизирање и исклучување на модерните апликации, копче за пребарување и исклучување на компјутерот на Start екранот и повеќе.
Почнувајќи од овој месец, како што беше и најавено, корисниците на Windows 8.1 нема да може да ги инсталираат најновите надградби кои што се достапни од денес, без да ја имаат инсталирано најновата Update верзија, односно исто така нарекувана Априлска надградба. При проверка за нови надградби нема да бидат прикажани најновите, а обидот за инсталирање на надградбите мануелно ќе резултира со неуспешна нивна инсталација. Поради тоа се препорачува сите корисници кои што до Април редовно ги имаат инсталирано надградбите на Windows 8, да ја инсталираат и Update надградбата со цел да го задржат стабилното и сигурно работење на нивниот компјутер.
Windows 8.1 Update се инсталира преку стандардниот процес на инсталација на надградби, односно преку Windows Update каде што може да се пристапи преку Control Panel или PC Settings > Update and recovery преку модерната околина.
Извор: Cnet