Фото: Shutterstock.com

Според неофицијални информации од корејскиот ETNews, Apple работи на развој на сопствена технологија за батерии кои би можеле да ги видиме во нивните производи од 2025 година.

Оваа технологија наводно е во развој уште од 2018 година, а е започната и како потреба за се’ уште неофицијалниот Apple автомобил. Сега развојот се истакнува дека е во главно насочен кон моменталните производи, а како потреба посебно се појавува по претставувањето на Vision Pro уредот кој со надворешна батерија „издржува“ едвај 2 часа.

Според информациите, Apple работи на материјалите на катодата со што треба да има контрола над перформансите, густината на енергијата која се складира, стабилноста и слично. Тие користат целосно различен состав во споредба со сегашните батерии, користејќи никел, кобалт, манган и алуминиум.

Дополнително, се истакнува и користење на јаглеродни „наноцевки“ кои треба да ја подобрат спроведливоста на материјалите, како и зголемување на содржината на силикон на местото на графит.

Сето ова треба да овозможи зголемување на капацитетот на батериите, како и нивниот век, брзина на полнење и слично.

Со критиките кои ги добиваат од компанијата со iPhone 14 серијата, добро би било да се види претставување на целосно нова генерација од батерии кои би направиле разлика на пазарот.

Од кога ги чекаме подобрите батерии, веќе не се ни пишуваат статии за напредок на ова поле, па ќе видиме што ќе испадне и со овие од Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНа МБУ се одржа предавање на Дејвид Кусума од Светската организација за дизајн
Следна статијаApple направиле мала пауза од развојот на наредната генерација од нивните системи поради исправка на грешки кај моменталните верзии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.