face-recognition

Apple оваа недела патентира технологија за детектирање и препознавање на лица наменета за мобилните уреди и десктоп компјутери. Ваква технологија е веќе позната на корисниците, посебно по излегувањето на Xbox One и PlayStation 4, кои препознавајќи го лицето на корисникот ја активираат неговата корисничка сметка на конзолите. Исто така веќе одреден период Android уредите користат ваква технологија за отклучување на екранот, но истата доби доста критики поради несигурноста. Друга позната примена на ваква технологија е во дигиталните камери и камерите на мобилните телефони. Истите можат да детектираат присуство на лица и соодветно да го прилагодат фокусот при сликање.

Од Apple планираат да ја користат оваа технологија во своите познати уреди како iPhone, iPad и Mac. Истата се состои од три посебни системи: детектирање на лица, препознавање на лица и систем за контрола на влез/излез на команди. Преку овие три системи уредот одлучува дали корисникот е авторизиран да го користи истиот, па доколку е, активира одредени функции зависно од дадената ситуација. Ова во реална ситуација значи дека, на пример, кога уредот добива повик, со поставување на корисникот пред него, тој препознава дали тоа е неговиот сопственик, па доколку е, ќе го прикаже бројот кој што повикува, во спротивно нема да прикаже никаква информација. Друга примена е при добивање на email порака, која што исто така ќе биде прикажана само на вистинскиот сопственик на уредот.

Исто така оваа технологијата ќе може да се користи и на Mac десктоп компјутерите. Корисникот кој што седи пред компјутерот ќе биде препознаен, па со тоа на неговиот десктоп ќе бидат поставени неговите позадини, аудио и видео прилагодувања и слични персонализирани прилагодувања на тој корисник.

Кога точно ќе почне Apple да ја применува оваа технологија во своите производи сеуште не е познато. Исто така не е познато дали и на кој начин ќе се разликува од веќе постоечките вакви технологии од конкурентните компании.

Извор: Apple Insider

Претходна статијаJolla достапен во продажба, доаѓа со нов Sailfish OS
Следна статијаSony продаде рекордни 2,1 милион PlayStation 4 конзоли за две недели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.