ps4-front

После рекордниот старт на продажбата на новата конзола на 15-ти Ноември, кога беа продадени 1 милион конзоли, денес од Sony излегоа со соопштение во кое ги објавуваат бројките за продажбата во останатите 2 недели. Со големо задоволство од Sony ја објавија бројката од 2,1 милион продадени конзоли во 32 земји. На првиот ден PlayStation 4 беше достапен само во САД и Канада. Овие бројки претставуваат рекорд кога се работи за продажба на PlayStation.

Ова е импресивно и рекордно постигнување за нашата компанија и за нашата индустрија, и не би можеле истото да го постигнеме без вас. Сакам лично да им се заблагодарам на фановите на PlayStation, старите, како и новите, за укажаната доверба. Најдобриот дел: Патот на PS4 само што започна. Како додаток на одличната линија на игри од најдобрите програмери во светот, ние ќе продолжиме да претставуваме вредни нови функции и сервиси за PS4 во месеците и годините што следат.

Претходна статијаApple патентира технологија за препознавање на лица
Следна статијаSamsung конечно ќе почне да користи метал почнувајќи со Galaxy S5 ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.