Какво и столче да купите и колку и пари да дадете, тоа останува – столче. Мрдни го, подигни го, потпри се, заглави го потпирачот… движењата и поставеностите кои стандардните (немоторизирани) столчиња можат да ги постигнат се прилично ограничени.
Многу ретко се наоѓа столче кое може да исполни повеќе улоги одеднаш, како на пример, да може да биде и стоечко и седечко столче во исто време. Altwork Station не спаѓа во тие.
Се работи за целосна седечка станица која е комбинација од моторизирано столче, држач за монитор и компјутер, работна површина, потпирач за нозе… Изгледа како забарско столче кое може да се врти во чудни позиции.
Позицијата се нагодува преку контролната површина која има команди за поставување, вртење, вадење на потпирачот и така натаму. Интересно е што столчето може да запомни позиции, па со еден стисок можете да го натерате автоматски да се постави во претходно запамтена позиција.
Мониторите и компјутерите се задржуваат преку магнети и физички држачи кои овозможуваат да работите застанат или легнат без проблеми.
За жал, колку и да е футуристична Altwork station сепак се работи за столче. Оттука не е јасно како производителот очекува да направи вистинска добивка и продажба со поставување на цената на 5.900 (!) долари во регуларна цена, и „само“ 3.900 во промотивна. Можеби имаат некоја супер-паметна маркетинг стратегија која не можеме да ја распознаеме, а можеби едноставно цената им е „утка“.
Во секој случај ќе оставиме пазарот да потврди дали му се потребни вакви столчиња во оваа ценовна рамка.