Во иднина ќе може да ја зачуваме целата човечка историја во нашиот џеб или барем таков впечаток остава ова ново откритие. Зад ова откритие (нормално) стои IBM, кој со него сака да ни овозможи многу повеќе простор за податоци во многу помал волумен.

За да го постигнат тоа, тие искористиле атом на еден многу редок елемент, наречен Холмиум (број 67 на Периодниот Систем на Елементите), сместен врз Магнезиум Оксид. Двата метали прават северен и јужен пол на магнетно поле, кои ги дефинираат позициите 1 и 0 во бинарниот систем.

За сместување на податоците, тие употребиле исклучително тенка и остра игла, која ги менувала половите на двата метали и со тоа правела 1 и 0 бинарна состојба. Всушност, исто како што работат механичките HDD хард дискови.

Потоа, тие дури и можеле да ги извадат впишаните податоци од атомите, што е извонредно постигнување. Исто така, според нивните истражувања, податоци можат да се сместат и на соседни атоми, иако просторот меѓу нив е исклучително мал.

Што значи ова за иднината на дисковите? Секако значи дека ќе можеме да ставиме многу повеќе податоци на помал волумен, но ваква технологија ќе биде веројатно прво наменета за серверите. Всушност, со напредокот на клауд технологиите, сметам дека тие и ексклузивно ќе ги користат ваквите дискови. Како пример, можете да се сетите кога последен пат земавте USB стик со вас?

Извор: The Hacker News, Sci News, BGR

Претходна статијаTwitter заедницата брои 48 милиони ботови
Следна статијаПротекоа 15-те најважни спецификации за Galaxy S8 и S8+