Фото: Signal

Recall функцијата која Microsoft ја претстави минатата година, слободно може да се каже дека е една од полошите. Истата прави слика од се што корисникот прави на компјутерот со цел да подоцна со помош од вештачката интелигенција може да најде било каков документ, веб страна и слично. 

Очекувано, една ваква функција доби огромни критики поврзани со приватноста на корисниците, па истата беше одложена до оваа година, но промените не го менуваат основниот проблем. 

Сега кога функцијата повторно е пуштена за Copilot+ компјутерите, Signal, можеби апликацијата број 1 за приватни разговори, објави дека во нивната Windows 11 верзија додаваат посебна заштита.

Истата е наречена „Screen security“ и таа во основа ја блокира можноста од правење на слика од екранот од Signal апликацијата, а со тоа и разговорите на корисниците. 

Начинот на којшто функционира оваа заштита е со означување на апликацијата како апликација со DRM (Digital Rights Management) содржина. Ова овозможува да доколку се направи слика од екранот врз Signal, на сликата во тој дел ќе има само празна слика со црна боја. 

Ваква заштита користат апликациите за стриминг на видео, па можеби се имате обидено да направите слика од Netflix, на пример, за да покажете некоја сцена од филм или серија, па наместо тоа, добивате црна слика. 

Од Signal навлегуваат во повеќе детали против Recall функцијата, па доколку ве интересира, можете да ја прочитате целата објава тука.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Signal
Претходна статијаТрето издание на HR.Weekend: Најважниот собир на HR професионалци оваа есен повторно во Ровињ
Следна статијаMozilla реши да го згасне Pocket сервисот кој го купи во 2017
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.