Фото: WhatsApp

Meta, тогаш Facebook, ја купи една од најпознатите апликации за разговори, WhatsApp, уште во 2014 година за 16 милијарди долари. Дефинитивно изненадува времето кое од компанијата издржаа пред да почнат да ја користат и оваа платформа за прикажување на реклами, како што тоа е стандардно на Facebook и Instagram. 

Во периодот што следи, WhatsApp веќе нема да биде апликација на која нема никакви реклами, па истите ќе почнат постепено да им се прикажуваат на корисниците. 

Една добро работа кај оваа новина, сега за сега, е што рекламите нема да се прикажуваат во делот за разговори, кај разговорите и групите, па корисниците кои ја користат WhatsApp само за разговори, рекламите нема ни да ги забележат. 

Рекламите ќе се прикажуваат во делот Updates, односно каде што се прикажуваат Status објавите, слични на Stories, како и Channels делот каде што корисниците можат да следат различни канали за информации. 

Фото: WhatsApp

Соодветно, реклами ќе се прикажуваат во форма на слики и видеа во Status делот, додека во Channles тие ќе бидат во форма на промовирани канали, нешто што ќе дојде добро за нивните сопственици. 

Во оваа форма прикажувањето на реклами не претставува некој проблем, барем од корисничко искуство, но дефинитивно е проблем од аспект на приватноста на корисниците, кај платформа чија главна карактеристика е приватноста. 

Сепак, од WhatsApp истакнуваат дека разговорите остануваат шифрирани и никој нема пристап до нив, телефонскиот број исто така останува заштитен, а информациите кои ќе се споделуваат се основни како што е земјата и возраста на корисникот, јазикот на неговиот уред, како и активноста во делот каде што ќе се прикажуваат рекламите со цел нивно персонализирање. 

ИЗВОРArsTechnica
ИЗВОР 2WhatsApp
Претходна статијаТоа што трае е родено во имагинација: Награден конкурс за уметници до 35 години
Следна статијаThe Trump Organization ги претстави Trump Mobile операторот и T1 смартфонот кој се промовира како произведен во САД
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.