Фото: Shutterstock.com

Meta го откажува развојот на своите десктоп апликации од Messenger, на Windows и на macOS. Засега не е познато кога точно ќе бидат откажани овие апликации, но корисниците ќе бидат известени, по што ќе имаат 60 денови пред апликациите целосно да престанат да функционираат. 

Во случајот со Windows корисниците, тие ќе можат да продолжат да ја користат Facebook апликацијата за пристап до разговорите, додека корисниците на macOS ќе ја имаат веб верзијата од Messenger и Facebook како единствени можности. 

Мобилните апликации секако продолжуваат да функционираат, па оваа промена се однесува само на десктоп верзиите. Зошто од компанијата се одлучија на ова, не е познато, па можно е мал број на корисниците да ги користат апликациите преку компјутер. 

За да не ги изгубат своите разговори, корисниците ќе треба да ја вклучат „Secure storage“ функцијата, односно да отидат во Settings > Privacy & safety > End-to-end encrypted chats, па да ја вклучат можноста Message storage. 

Ова е нова функција која стана достапна по воведувањето на шифрирани разговори за сите корисници, па нејзиното вклучување и додавање на пин код, е важно за пристап до разговорите од повеќе уреди. 

Апликациите веќе се тргнати од Microsoft Store и од App Store, па корисниците кои ги немаат инсталирано, тоа веќе не можат да го направат.

Претходна статијаApple го надгради нивниот Vision Pro со новиот М5 чип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.