Фото: Apple

Apple ја презентира наредната верзија од нивниот оперативен систем за Mac компјутерите во понеделникот оваа недела, macOS Tahoe 26, кој донесува доста добра листа на новини. 

Една од новините која и не беше спомената во презентацијата, а е важна за програмерите е додавање на изворна, односно вградена поддршка за Linux контејнери во самиот оперативен систем. 

Овие контејнери се користат, кратко кажано, за развој на софтвер, негово тестирање и слично, а нивната цел е програмскиот јазик и алатките да функционираат без разлика од оперативниот систем. 

„Рамката за контејнери им овозможува на програмерите да креираат, преземаат или извршуваат слики од Linux контејнери директно на Mac. Таа е изградена врз основа на отворена рамка оптимизирана за Apple чиповите и обезбедува безбедна изолација помеѓу контејнерските слики.“ – кратко истакнуваат од Apple во објавата за macOS Tahoe 26. 

Очекувањата се дека со овој додаток корисниците веќе нема да имаат потреба од апликациите, односно алатки кои сега ги користат, како Docker, иако ќе треба да се почека да се види начинот на којшто ќе функционира оваа нова можност. 

Целата поента на вградувањето на оваа можност е подобрување на перформансите при работа со контејнери, па доколку нема некоја разлика од Docker, можно е и да не добие некоја посебна популарност. 

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаМакедонските истражувачи добиваат европски перспективи
Следна статијаOutlook на iOS и Android ќе добие помош од Copilot за организирање на важните пораки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.