Фото: Shutterstock.com

Gboard на Android наскоро ќе добие, веќе е во тест фаза, вградена можност за пополнување на лозинките кои се зачувани со Google Password Manager, односно во Google сметката на корисникот. 

Ова треба да овозможи посигурно пополнување за кое не ретко се случува да не биде препознаена потребата од „autofill“ активност. Ова е нешто што на Android сѐ уште не е решено како на iOS, па директното вградување во Gboard ќе донесе голема предност. 

Autofill with Google е наречена новата функција и истата ќе може да се активира штом ќе стане дел од некоја од наредните верзии од Gboard. 

Со оглед на тоа што не сите корисници ја користат тастатурата од Google, не сите ќе можат да ја искористат оваа предност. 

Сепак, од мое искуство, користењето на некоја од алтернативните апликации за чување лозинки, како Bitwarden, одлично функционира, па за корисниците на Samsung Keyboard или SwiftKey, оваа новина сигурно нема да вреди за промена на тастатурата. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаМодерен живот по ваша мерка со новите Samsung Galaxy телефони на преклоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.