Фото: Google

Google Chrome прелистувачот на Android од оваа недела, па во наредните неколку недели, ќе започне да ја добива можноста за префрлување на лентата за адреси на долната страна.

Ова е доста мала промена, но доста корисна, а посебно во ова време кога повеќето телефони се со доста големи екрани. Можноста за поставување на лентата на долната страна им овозможува на корисниците полесно да го користат Chrome со една рака. 

Оваа можност им беше пуштена прво на корисниците на iOS, но уште во 2023 година, а не е првпат Google да пушти некоја нова можност прво на таа платформа. 

Изборот на позицијата на лентата може да се направи преку подолго притискање на адресата и притискање на новата можност, покрај таа за копирање на линкот, како и преку Settings > Adress Bar. 

„Во зависност од големината на вашата рака и вашиот уред, едната позиција на лентата за адреси може да ви биде поудобна од другата. Ја дизајниравме оваа новина за да ви дадеме флексибилност да ја изберете вашата претпочитана локација – за да можете да прелистувате со поголема леснотија.“ – истакнаа од Google.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаУтре започнува 7. издание на филмската ревија „Златна рамка“
Следна статијаПретставничкиот дом на САД им забрани на вработените да ја користат WhatsApp апликацијата на нивните службени уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.