Фото: Brave

Пред скоро четири години Brave објавија дека нивниот прелистувач ја има поминато бројката од 50 милиони активни месечни корисници, а сега овој прелистувач ја помина и бројката од 100 милиони. 

Поточно, Brave прелистувачот го користат 101 милион активни корисници месечно, па може слободно да се заклучи дека овој „проект“ од поранешниот ко-основач на Mozilla и ко-основач на Brave, е успешен. 

Brave прелистувачот е познат по заштитите кои ги овозможува од таканаречените „интернет тракери“, а според тестирањата, тој тоа го прави подобро од повеќето. 

Тука како клучно се истакнува и доста малото „следење“ од страна на самата компанија, а тука е и уникатниот начин за пуштање на реклами и исплата на корисниците преку нивната криптовалута. 

Ова не значи дека од компанијата немаа неколку ситуации кои го ставаа тврдењето за приватност под знак прашалник, но не доволно за да биде уништен угледот на Brave. 

Фото: Brave

„100 милиони корисници не претставуваат само уште една пресвртница во растот — тие се движење за подобар интернет што ги става корисниците на прво место. Низ целиот свет, луѓето избираат приватност и контрола над своето онлајн искуство, наместо следење и злоупотреба од Големите ИТ компании,“ – изјави Брендан Ајк, извршен директор и коосновач на Brave.

„Секој производ што го лансиравме по прелистувачот — нашиот пребарувач, премиум услугите, рекламната платформа — е изграден со заштита на приватноста. Како што ги прошируваме нашите понуди со вештачка интелигенција, ќе продолжиме да дизајнираме со приватноста како основен принцип, што ќе го поттикне нашиот следен бран на раст.“

Од компанијата истакнаа и дека доста добро им оди и со интернет пребарувачот Brave Search, а корисниците прават околу 50 милиони пребарувања дневно. Иако поголемиот дел доаѓаат од Brave прелистувачот, дел од нив се и од другите прелистувачи, во главно од Chrome.

ИЗВОРBrave
Претходна статијаСемејството на AI уреди расте: Пристигнува AI-phone Pro
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.