Brave, кои целиот бизнис го градат на основа на приватноста која им ја овозможуваат на своите корисници, ја доби можноста за блокирање на една од најлошите функции кај Windows 11 кога е во прашање приватноста. 

Функцијата е наречена Microsoft Recall, a Brave прелистувачот ќе ја блокира автоматски, со можност корисниците да го исклучат блокирањето доколку сакаат. 

Recall е една од главните новини кои Microsoft ги најави со претставувањето на Copilot+ компјутерите кои доаѓаат со интеграција на повеќе функции со вештачка интелигенција. 

Оваа функција конкретно прави слика од екранот на неколку секунди, па на корисникот му овозможува да се врати во било кое време назад и да види на што има работено. 

Не сум сигурен дека една ваква функција е навистина потребна и корисна, а посебно поради безбедносните одлуки кои Microsoft ги донесе на почетокот. 

Блокирањето на функцијата Brave го прави преку означување на сите „табови“ како приватни, нешто што Recall го зема во предвид и не прави слики од екранот во таков случај. 

Иако и Brave не се без свои „афери“ поврзани со тврдењето за приватност, сепак тие продолжуваат да овозможуваат доста вакви функции и го задржуваат угледот на најприватен прелистувач на пазарот. 

ИЗВОРBrave
Претходна статијаОд наредната недела Microsoft Authenticator целосно ја губи поддршката за чување на лозинки
Следна статијаProton го претстави „четботот“ Lumo кој ја има истата политика за приватност како и другите сервиси од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.