Clean Up е една од не толку големиот број на функции со вештачка интелигенција кои ги пушти Apple како дел од Apple Intelligence, иако бројот на функции само по себе не е толку проблем. 

Познато е дека ваквите функции на Apple не добија некои добри оценки, а тука посебно треба да се истакне доцнењето со сопствените големи јазични модели за унапредување на Siri. 

Рекламата која од компанијата ја пуштаат дури сега, иако Clean Up е достапна уште од минатата година, можеби ќе беше подобро и да не ја пуштат. Причината за тоа е што Clean Up не функционира баш најдобро, па освен ако не бришете објекти кои се на прилично едноставна позадина, како во рекламата, резултатот е прилично лош.

Доколку се спореди со ваквата функција достапна на Samsung телефоните, тогаш Apple подобро и да ја тргне оваа функција додека не ја направи подобра. 

Како и да е, Clean Up може да се најде како добра можност во одредени ситуации, а достапна е во делот за измена на сликите во Photos. При првото користење се симнуваат потребните датотеки за функционирање, по што корисниците можат да изберат кој дел од сликата би сакале да го тргнат. 

За функционирање на Clean Up потребно е да биде вклучена Apple Intelligence функцијата.

Рекламата е на почетокот од статијата и од неа можете да видите како се користи оваа функција.

Претходна статијаWeTransfer изгледа се обиде да „протне“ дозвола за тренирање на ВИ од датотеките на корисниците 
Следна статијаOpenAI го претстави ChatGPT Agent кој ги спојува способностите за истражување и преземање активности
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.