Фото: Adobe

Видео содржината слободно може да се каже дека е главна овој период кога е во прашање интернет содржината. Затоа воопшто не е чудно што се достапни доста добри апликации за измена на видеа на мобилните уреди. 

Adobe Premier Pro е една од најпознатите апликации со години за измена на видео содржина на десктоп, а сега истата ќе стане достапна на iPhone и iPad. 

Апликацијата секако ќе биде во намалена форма, па затоа и нема да ја има „Pro“ додавката, но ќе овозможи познат кориснички интерфејс и можност за напредна измена на видеа на мобилните уреди и таблет компјутерите. 

Adobe Premier ќе им стане достапна на корисниците на iPhone и iPad на 30 септември и ќе може да се користи бесплатно. 

Фото: Adobe

Од компанијата истакнуваат дека корисниците ќе треба да платат само доколку сакаат да користат дополнителни функции, како простор во „облакот“, одредени функции со вештачка интелигенција и други. 

Видеата направени со Adobe Premier ќе можат директно да се споделат на најпознатите платформи, како TikTok, Instagram, YouTube и слично. 

Апликацијата веќе е достапна во App Store од каде може да се „резервира“ за инсталација кога ќе стане достапна на крајот од месецот. 

Оваа апликација ќе ја замени Adobe Premier Rush која требаше да биде главната апликација за измена на видеа од компанијата на мобилните.

ИЗВОРAdobe
Претходна статијаИднината на финансиите се обликува на вториот Finance.Weekend
Следна статијаMozilla повторно ја продолжи поддршката за Firefox на Windows 7 и постарите верзии од macOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.