nen_03

Zotac, еден од најпопуларните производители на гејмерски компоненти, лансира нов мини компјутер, кој има прилично моќни компоненти и Steam оперативниот систем на Valve, кој е насочен исклучиво кон гејмерите и кој има за цел да го пресели Вашиот компјутер во дневната соба.

Според тоа, NEN е пред се наменет за користење со поголем телевизор, за што Steam веќе спреми и специјален безжичен џојстик, кој ќе биде вклучен во пакувањето. Самиот дизајн на куќиштето сепак не е ништо особено, особено ако го споредиме со играчките конзоли од новата генерација, кои имаат многу помодерен изглед.

nen_01

Компонентите на Zotac NEN се прилично моќни – во срцето е нов Intel Skylake чип и тоа Core i5-6400T со четири јадра, помогнат од 8 GB рам меморија, хард диск со капацитет од 1 TB и моќна, десктоп графичка картичка од Nvidia, 960GTX. Токму изборот на графичката е позитивен преседан кај овие мали компјутери – конкурентите обично доаѓаат со графички наменети за лаптопите, кои имаат генерално послаби перформанси.

NEN има и многу приклучоци – четири HDMI 2.0, две Ethernet порти, три USB 3.0 порти, две USB 2.0, еден USB Type-C, слот за SDXC картичка, влезови за микрофон и слушалки, а може и безжично да се поврзе на интернет со Wi-Fi 802.11ac и со тастатура и маус преку Bluetooth 4.0. Интересно, внатре е достапен и M.2 слот за SSD диск, доколку сакате уште поголема брзина на компјутерот при лансирањето на игрите.

nen_04

Zotac се уште ги нема објавено цените за новиот NEN, но не очекувајте дека ќе биде многу евтин, особено не во споредба со играчките конзоли како Xbox One и PlayStation 4.

Извор: Liliputing

Претходна статијаPuzzlephone е нов модуларен смартфон, ќе се фундира преку кампања на Indiegogo
Следна статијаГерманија наскоро ќе го активира својот прв стеларатор (фузиски) реактор