Weibo
Фото: Qualcomm

Вест која доаѓа од кинеската социјална мрежа Weibo. Список на мобилните смартфони кои ќе ја одбележат годината која ни претстои. Се работи за список на мобилни телефони кои ќе го користат процесорот Snapdragon 845 од компанијата Qualcomm.

Ова парче хардвер е едно од најквалитетните и со најдобри перформанси во својата класа. На листат се очекуваат да се најдат телефоните кои исто така ќе остварат солиден впечаток кај потрошувачите. Важно да се напомене е дека нема докази за автентичноста на списокот и истиот треба да се земе со резерва.

На чело на листата се наоѓаат уредите кои се очекува да бидат „знаменосците“ на Samsung, моделите Galaxy S9 и S9 Plus. Нивната промоција се очекува во февруари. Зад нив е двојката на LG, моделите G7 и G7 Plus. За април се предвидува појавување на Mi7 од компанијата Xiaomi, додека во мај ќе „излезе“ U12 на HTC. Најгуст е распоредот во јуни кога ќе се промовираат 3 модели: OnePlus6, ZTE Nubia Z18 и Sony Xperia XY Pro.

Со предвидувањата за месец август доаѓаат и првите сомнежи во врска со точноста на оваа „протечена“ информација. Имено, за август се предвидува промоција на моделот 10 од популарната Nokia. Иако во јавноста допрва кружат шпекулации во врска со промоцијата на нивната 9-ка.

Според изворот, септември ќе го донесе Samsung Galaxy Note 9. Тој ќе фрли сенка на LG V40 и Xiaomi Mi Mix3. Во октомври повторно се очекува навала од промоции на нови смартфони. Тогаш ќе настапат Google со нивните Pixel 3 и Pixel 3 XL. Истиот месец ќе се појави и ZTE Nubia Z18S, HTC U12 Plus и Sony Xperia XZ2. Годината ќе ја заокружат Motorola Moto Z, OnePlus 6T и Samsung-овиот W2019 во ноември, односно декември.

Повеќе или помалку прецизна, сепак ова се чини како списокот на мобилни телефони кои ќе ја одбележат 2018-та година. Дури и некој потполно да ги измислил информациите, дефинитивно се потрудил ориентационо да прикаже што може да се очекува на полето на мобилната индустрија.

Извори: TechRadar, GizmoChina, TechnoBuffaloWeibo

Претходна статијаЛоган Пол и гневот на интернет заедницата
Следна статијаЛегендарната Lisa ќе биде достапна за десктоп корисниците

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.