Дека оваа година повторно ќе се вратат во „мода“ тенките смартфони, покрај огромниот број на шпекулации, стана јасно по претставувањето на Galaxy S25 Edge.
Сега на ред се Apple, за кои ваков уред се најавува уште пред Samsung, а засега овој уред се нарекува iPhone Air.
Исто како и телефонот од Samsung, овој сѐ уште неофицијален iPhone треба да биде најтенкиот телефон од компанијата, а дали ваквите уреди ќе станат доволно популарни, ќе видиме во наредните година дена.
iPhone Air се очекува да го замени iPhone 17 Plus моделот, односно не се очекува дека Apple ќе претстави пет нови телефони во септември.
Поради доста малата дебелина, овој телефон се очекува дека ќе има послаба батерија, само една камера, еден звучник и поддршка само за eSIM во целиот свет.
За жал, изгледа шансите Apple да почне да ја користи новата сицилиумска технологија за батерии се мали, па овој телефон ќе биде предизвик да го издржи денот со едно полнење.
Како би требало да изгледа iPhone Air можевме да видиме преку неофицијални слики, а видеото во продолжение од макета од телефонот дава досега најдобар поглед за можниот уред.