Вчера на посебен настан во рамките на MWC 2015 настанот, Samsung ја претстави наредната генерација на телефоните од Galaxy S серијата. Како што и се очекуваше, беа претставени два модели, Galaxy S6, како и посебен модел со заоблен екран Galaxy S6 Edge.
Претставувањето на овие модели од страна на Samsung е можеби едно од најинтересните и важни претставувања на мобилни телефони. Тоа е така поради падот на популарноста, а со тоа и продажбите на претходниот модел кој што беше критикуван за неиновативност и користење на пластика во неговата изработка.
Од тоа што можеше да се види на претставувањето, Samsung дефинитивно реагираше на критиките, па новите модели се направени како што можеби требаше да бидат минатогодишните. Сега останува само на корисниците да покажат дали се’ уште би ги купувале телефоните од оваа компанија во толку масовна количина.
Претставувањето беше пренесувано во живо, па доколку го немавте гледано, истото можете да го направите преку снимката во продолжение.