Snapdragon 8 Elite, кој беше претставен минатата година, ја најави новата генерација од чипови од Qualcomm кои посериозно им конкурираат на чиповите од Apple. Според тестирањата, Android телефоните сега добиваат дури и побрзи чипови од корисниците на Apple.
Втората генерација од овој чип, кој доколку не беше променет стилот на именување ќе беше наречен Snapdragon 8 Gen 5, изгледа ќе донесе уште повисоки перформанси, односно значително подобрување на моќта во споредба со претходната генерација.
Ова очекување доаѓа од неофицијалните информации кои се објавени од тестирања на Snapdragon 8 Elite Gen 2, кои покажуваат дека главните јадра од чипот се тестираат на 5GHz, па дури и повеќе.
Подобрувања на перформансите се најавуваат за над 40% во споредба со ланската генерација, нешто што поретко се постигнува.
За производството на овој чип повторно ќе бидат задолжение TSMC кои ќе ја користат нивната трета генерација од 3nm технологија, нешто што е во голем дел заслужно за големите подобрувања.
Тоа што треба да се истакне е дека информациите за тестирањата, дури и да се точни, не значат дека истите перформанси ќе ги видиме во финалната верзија. Голем дел од одлуката зависи и од ефикасноста, па чипот може да биде ограничен на помала фреквенција.
Како и да е, едно е сигурно, Android телефоните веќе не се зад Apple како што тоа беше случајот, кога се во прашање перформансите на уредот.