LG G3, наследниот на одличниот LG G2 треба да биде најавен идната недела, односно на 27 Мај. Како и за сите други очекувани модели од поголемите производители, така и за LG можеа да се видат огромен број на протечени неофицијални информации за тоа што треба да содржи моделот. Овој тренд на протекување на информации е толку зголемен во последно време, што можеби ги прави официјалните претставувања потоа нешто помалку интересни, со оглед на тоа што ретко има по некое изненадување.
Информациите за карактеристиките на LG G3 доаѓаат од слики направени на пробните презентации кои што треба да се одржат на претставувањето во Кореа. Од нив може доволно да се види за најважните карактеристики, па така, LG G3 ќе дојде со:
- 5.5 инчен QHD IPS екран
- Димензии од 146.3 x 74.6 x 8.9 mm
- Snapdragon 801 чипсет
- 3GB RAM меморија и 32GB вградена меморија за складирање
- 3.000 mAh батерија
- 13 мегапикселна главна камера и 2.1 мегапикселна предна камера
- Поддршка за LTE мрежа
- Android 4.4 KitKat
- USB 2.0, Bluetooth 4.0 и NFC
Од сликите, покрај главните карактеристики можат да се видат уште неколку функции на уредот. Па така, од едната слика се гледа споредба која што ја покажува предноста на QHD екранот. Телефонот треба да дојде со 1 Watt Booster AMP зучник кој што треба да овозможи одлично слушање на музика и други аудио фајлови.
Од сликите исто така може да се види дека од LG се обраќаат на корисниците кои што сакаат да се сликаат правејќи ги сега „досадно“ популарните selfie слики, преку воведување на можноста за сликање со собирање на дланката.
Извор: GoForGames Преку: GSMArena