HTC одамна веќе не е на насловните страни кога се нивните смартфони во прашање, но тие ќе се обидат да го променат тоа со новиот знаменосец U 11, кој ќе има неколку карактеристики и за кој ги знаеме сите поважни спецификации.

Како и секој смартфон од високата класа оваа година (освен LG G6), HTC U 11 ќе има Snapdragon 835 процесор, помогнат од масивни 6 GB рам меморија и веројатно минимум 64 GB простор (ќе има и модел со 128 GB) со слот за micro SD. Дисплејот ќе има големина од 5,5 инчи и Quad HD резолуција, додека задната камера ќе има 12 мегапиксели со супер брза f/1.7 бленда. Предната камера пак ќе има 16 мегапиксели и најавува дека ќе биде најдобра во високата класа, додека батеријата ќе има малку разочарувачки 3.000 mAh, но со среќа со брзо полнење Qualcomm QuickCharge 3.0.

Како и многу негови конуренти и HTC U 11 ќе биде отпорен на вода. Поточно, тој ќе има IP57 рејтинг, кој дозволува длабочина од 1 метар до 30 минути, исто како iPhone 7, но рејтингот за заштита од прашина е малку послаб од iPhone 7 и Galaxy S8. Од останатите функционалности, има неоколку кои се карактеристични за HTC, како BoomSound звучници, моќен засилувач за излезот за слушалки и поддршка за аудио со висока резолуција, како и снимање на 3D аудио со камерата. Најголем новитет кај овој телефон ќе биде можноста да се управува со притискање на рамката отстрана, односно “swipe” команди на рамката.

HTC U 11 ќе пристигне на посебна промоција на 16 Мај, кога ќе ги дознаеме сите детали за новиот натпреварувач на тајванскиот бренд во високата класа.

Извор: Tech Radar, GSM Arena, T3

Претходна статијаMicrosoft го претстави Windows 10 S – полесна верзија на 10-ката на која ќе може да се инсталираат само Windows Store апликации
Следна статијаGoogle Photos ќе ги стабилизира вашите „раздрмани“ видеа