Во време кога хит кај сите производители е да се направи смартфон со што помала рамка околу дисплејот, HTC веројатно ќе оди по друг пат. Имено, наследникот на HTC One е потврдено дека ќе има технологија за препознавање на притисок од страните на телефонот, која ќе овозоможи неколку интересни функционалности.

Идејата е многу едноставна – да можете да го управувате вашиот телефон без да го допрете дисплејот, нешто што скоро механички го правиме последниве 10-тина години. Затоа, кај новиот HTC U телефон од високата класа рамката ќе може да препознае притисок и за да смените одредени параметри, вие ќе треба да го стиснете телефонот. На пример, со стискање на телефонот од двете страни тој би можел да се отклучи или пак да се лансира камерата, што е многу побрзо отколку истото да го направите на дисплејот.

Технологијата која ќе го овозможи ова се вика Edge Sense и таа веќе беше претставена во концепт на HTC наречен Ocean. Сепак, тоа нема да биде единствениот адут на овој телефон – тој ќе има 5,5 инчен дисплеј со Quad HD резолуција, задна камера со 12 мегапиксели и предна камера со 16 мегапиксели, а претпоставка е дека ќе доаѓа со новиот Snapdragon 835 чип.

HTC U ќе биде претставен на 16 мај, до кога сум сигурен дека производителот ќе извади уште по некоја информација за овој телефон, освен оваа првата која вели „стисни за брилијантниот U”, која алудира токму на Edge Sense технологијата.

Извор: The Next Web, The Verge, Engadget

Претходна статијаПаметна алка може да дијагностицира дијабетес и цистична фиброза
Следна статијаПаметните телевизори и приватноста