Периодот од годината кога Samsung ги претставува новите генерации од Galaxy Z Fold, Z Flip и другите уреди како часовници и слушалки, обично е во август. За оваа година се најавува дека од компанијата планираат да го „забрзаат“ претставувањето, па истото да го направат недела дена порано.

Информацијата ја објавуваат SamMobile кои се добар извор на неофицијални информации, односно најчесто се покажуваат како точни.

Како причина за поместувањето на настанот се верува дека е влезот на Google на пазарот на уредите кои се преклопуваат. Ова не би била првата конкуренција на Samsung, но за американскиот пазар може и да се смета како прва сериозна.

Google треба да го претстави својот Pixel Fold на 10 мај во рамките на Google I/O конференцијата, а почетокот на продажбата се очекува за крајот на јуни.

Според достапните информации, Pixel Fold ќе биде сериозен конкурент на Galaxy Z Fold серијата, иако и од Samsung подготвуваат добри новини за наредната генерација од уредот, па изгледа не оставањето доволно простор на Google би било доста клучно за продажбата.

За Galaxy Z Fold5 се очекува дека ќе биде потенок и полесен, а најважно од се, механизмот за преклопување ќе биде редизајниран и ќе овозможи скоро незабележлива линија на делот каде што екранот се превиткува.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаOpera го претстави нивниот целосно нов и редизајниран прелистувач Opera One
Следна статијаHR индустријата во регионот станува сѐ поголема, поважна и посилна, а сега добива своја сцена на Weekend Media Festival
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.