Фото: Samsung

Додека чекаме да видиме дали Apple навистина планираат тенка верзија од iPhone, засега неофицијално нарекувана iPhone Air, Samsung уште на претставувањето на Galaxy S25 серијата го најави нивниот ваков телефон. 

Galaxy S25 Edge е името на телефонот, а сега истиот е и официјално претставен. Со очекуваниот напредок на батериите овие години, можно е почесто да гледаме вакви модели од производителите, а можно е дури и да видиме намалување на дебелината на сите телефони генерално. 

Дебелината на Galaxy S25 Edge изнесува само 5,8 милиметри, со што овој телефон моментално е најтенкиот од компанијата.

Очекувано, вака тенок уред доаѓа и со помала тежина, па Galaxy S25 Edge тежи само 163 грама, па ќе мора да почекам додека го имам телефонот на тест, но очекувам дека корисничкото искуство ќе биде целосно различно од стандардните телефони. 

Galaxy S25 Edge доаѓа со одредени карактеристики кои се исти со остатокот од серијата, но очекувано, дел од нив морало да бидат тргнати. Тука секако мислам на помалата батерија, штета што од компанијата се немаат одлучено за новите силициум—јаглеродни батерии кои ќе можеа во овој помал простор да овозможат ист капацитет како на поголемите телефони.

Фото: Samsung

Батеријата кај овој телефон е со 3.900 mAh, па корисниците ќе мора да земат во предвид дека истата ќе мора да ја полнат два пати на ден. 

Што се однесува до останатите карактеристики, Galaxy S25 Edge не заостанува од серијата, па тој е направен со истото заштитно стакло од Corning, рамката е од титаниум, а за работата тука е истиот Snapdragon 8 Elite за Galaxy. 

Големината на екранот е 6,7 инчи, а стапката на освежување е од 1 до 120 херци. 

За разлика од другите модели, Galaxy S25 Edge доаѓа со две камери, од кои главната е со 200 мегапиксели, а ултра широката со 12. 

Во продолжение можете да ги погледнете видеата од Маркез Браунли и Mrwhostheboss. 

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаОсновачот на Ookla претстави нова апликација за мерење на брзината на интернет конекцијата
Следна статијаОтворен хаб за собирање и селекција на пластичен отпад во рамки на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.