Доколку сте корисник на некој од овие да модели, односно Galaxy S3 и S3 mini и се прашувате кога можете да ја очекувате надградбата на најновата верзија од Android оперативниот систем, веќе не мора да чекате. За жал интернационалните верзии од овие два модели нема да бидат надградени на Android 4.4 KitKat и ќе бидат надградени само до Android 4.3, односно Android 4.2 за mini моделот. Моментално овие телефони работат на Android 4.3 и Android 4.1.2 на mini моделот.
Во продолжение е изјавата на Samsung Mobile UK испратена на Sammobile порталот:
За да можеме да обезбедиме ефективни надградби на платформата на Google, различни хардверски перформанси како што се меморијата (RAM, ROM и слични), мулти таскинг способностите и екранот мора да исполнат одредени технички очекувања. Galaxy S3 и S3 mini верзиите доаѓаат со 1GB RAM кој што не им дозволува ефективно да ја поддржат надградбата на платформата. Како резултат на хардверските ограничувања на овие 3G модели, тие не можат ефективно да ја поддржат надградбата на платформата и во исто време да продолжат да овозможуваат најдобро корисничко искуство. Samsung има одлучено да не ја овозможи KitKat надградбата на Galaxy S3 и S3 mini 3G верзиите, а истата ќе биде достапна за S3 LTE верзијата која што доаѓа со 2GB RAM и е доволно за да ја поддржи надградбата на платформата. – Samsung Mobile UK
Извор: SamMobile
Преку: GSMArena