tune-find-f

Сигурно многу пати сте се нашле во ситуација да во серијата што ја следите или филмот што го гледате слушнете некоја песна, но не знаете од кого е и како се вика. Можеби едноставно не можете да се сетите на песната или би сакале да ги видите сите песни во филмот или серијата.

TuneFind е веб страна на која можете да ги најдете повеќето филмови и серии кои што се актуелни за кои што е прикажана листа од музиката која што е во нив. Сериите се поделени по нивните сезони и епизоди, па пребарувањето е многу едноставно и организирано. Се разбира тука е и класичната лента за пребарување за побрзо наоѓање на тоа што го барате или доколку не сте успеале да го најдете со прелистување на страната.

Кога ќе ја отворите страната ќе видите листа од најновите серии и филмови за кои што можете да ја разгледувате музиката. Можете да прелистувате серии, филмови, пејачи и популарна музика. Оваа страна може да биде и добар извор за откривање на нова музика која што би сакале да ја слушате. Музиката која што е на сајтот е додадена од страна на корисниците, а зелениот знак означува дека истата е потврдена како точна за соодветната епизода или филм.

tune-find-home

Сервисот нуди можност за купување и симнување на музиката, меѓутоа како што и очекувате тоа не е достапно за нашата земја. Меѓутоа и покрај тоа, страната е одлична за откривање на музиката што ја барате, па после останува на вас од каде ќе ја симнете и слушате.

Страната можете да ја отворите на следниот линк.

Претходна статијаSamsung Galaxy S3 и S3 mini нема да бидат надградени на Android 4.4 KitKat
Следна статијаYouTube овозможи да додадете интро од 3 секунди на секое ваше видео
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.