Претставувањето на наредната генерација од Galaxy S серијата се очекува да се случи за точно еден месец, односно на 14-ти јануари. До крајот на јануари телефоните ќе станат достапни во продажба, а како и оваа година се очекуваат три различни модели, Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra.

Главната новина која се очекува од новите Galaxy S е нов модул за камерите кој ќе биде споен со страната од уредот. Исто така се најавува дека освен кај Ultra моделот, другите два ќе дојдат со рамни екрани, односно без карактеристичното со години заоблување на страните.

Затоа пак, се очекува дополнително намалување на рамките околу екранот, нешто што може да се види и од видеото, изгледа одлично, иако и кај овие модели нема конечно да го видиме првиот Samsung со предна камера под екранот.

Иако не може да знаеме дали видеото е навистина од Galaxy S21, сепак тоа е во правец на досегашните неофицијални информации. Делови од телефонот се скриени со налепници, не е јасно зошто, но сепак тоа не го менува погледот кон новиот телефон.

Видеото е на почетокот од оваа статија, направено е со дополнителен коментар и информации и можете да го погледнете, а во продолжение е одлично, но долго видео од Unbox Therapy во кое се дискутира за можните новини.

Претходна статијаРСБСП со апел до возачите: „Големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, нека бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата“
Следна статијаВлезете во светот на технологија и финансии на настанот „Ерата на финтек“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.