Samsung Galaxy Note 4 треба да биде претставен на 3-ти Септември на Unpacked 2014 Episode 2 настанот за медиуми кој што го организира компанијата и ќе се одржи во три града симултано. Иако оваа информација не е официјално потврдена од страна на Samsung, сепак се верува дека тоа е уредот кој што ќе биде претставен. Иако не останува уште многу време до таа дата, неофицијалните информации продолжуваат редовно да излегуваат. На почетокот од оваа недела можевме да видиме слики од уредот кои што неофицијални се пуштени на интернет, од кои што можеа да се видат одредени работи поврзани со неговиот дизајн.
Денеска веќе се достапни дополнителни информации кои што се сметаат како точни колку што може да бидат во оваа фаза до претставувањето. Индонезиската продавница за мобилни Erafone, на својата веб страна го има поставено Galaxy Note 4 заедно со неговата цена, како и карактеристиките со кои што ќе доаѓа. Се разбира уредот е поставен како недостапен, меѓутоа открива доволно за да ги потврди до сега достапните неофицијални информации.
Доколку информациите поставени од страна на Erafone се земат како точни, тогаш од нив дознаваме дека уредот ќе се продава по цена од 600 евра. Исто така тој ќе доаѓа во две верзии со различни процесори, како и што се очекуваше. Едниот модел ќе го вклучува Snapdragon 805 чипсетот од Qualcomm со четири јадра кои што работат на фреквенција од 2,5 GHz. Другата верзија ќе го вклучува осум јадрениот Exynos 5433 чипсет со четири јадра од 1.3 GHz Cortex-A53 и четири јадра од Cortex-A57. Двете верзии ќе влучуваат 4GB на RAM меморија, како и избор помеѓу 16, 32 и 64GB на внатрешна меморија.