confusables 3

Google минатата недела воведе поддршка за email пораки кои што имаат адреси составени од не-латински карактери, како и кои што содржат акценти, во својот Gmail сервис. Како што најавија, ова е првиот чекор кој што понатаму треба да овозможи креирање и на сметки на Gmail користејќи не-латински карактери. Поддршката моментално значи дека можете да примате пораки од вакви адреси, како и да испраќате пораки на нив.

Ова сепак отвори можност за злоупотреба во форма на испраќање на спам пораки или пораки кои што треба да ве измамат. Тоа може да се случи преку користење на букви кои што се исти на латиница и на кирилица, на пример и со тоа да се спелува одреден збор и да изгледа дека е напишан како што треба. Со тоа може да испратите информации на одредена email адреса мислејќи дека е вашата банка, на пример.

За да ги заштити своите корисници од Google ќе почнат да ги блокираат ваквите email пораки, односно пораките со сомнителна комбинација на букви. Блокирањето ќе се врши врз основа на листа направена од страна на Unicode Consortium, за која што од Google веруваат дека содржи доволно добар баланс помеѓу легитимното користење на новите домејни и тие што може да бидат наменети за злоупотреба.

Извор: Google, Engadget

Претходна статијаSamsung Galaxy Note 4 објавен предвреме на индонезиска страна
Следна статијаTechnology Preview од Windows 9 достапен до крајот на Септември
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.