Samsung планира да го “среди” големиот број на уреди којшто го има во својата понуда, па на корисниците ќе им биде полесно да направат разлика што купуваат. Моментално се достапни најсилната категорија со Galaxy S и Galaxy Note уредите, а тука е и средната класа на уреди со Galaxy A серијата.

Останатите уреди од J серијата и слични изгледа ќе бидат заменети со нова Galaxy M класа која треба да биде од нешто пониската класа на смартфони.

Според информациите, првите уреди од Galaxy M ќе бидат претставени до крајот на овој месец, а регистрација на FCC ни дава и одредени информации околу карактеристиките на оваа класа.

Па така, уредот би требало да биде наречен Galaxy M10 или M1, a ќе дојде со 6 инчен екран и димензии од 155,7 на 75,8 милиметри. Според димензиите, ова ќе биде уред нешто поголем од Galaxy S9, а исто така рамките околу екранот ќе бидат мали.

Galaxy M10 ќе работи на Exynos 7870 чипот, а ќе има и 3 GB RAM меморија и 16 или 32 GB простор за податоци. Батеријата на уредот ќе биде со капацитет од 3.400 mAh.

Камерите на M10 ќе бидат со 13 мегапиксели на задната страна, како и 5 мегапиксели на предната страна.

Од информациите се гледа дека се работи за уред од пониската класа, па соодветно може да се очекува и пониска цена.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2Pocket Now
Претходна статијаWindows 10 конечно го помина Windows 7 по број на корисници
Следна статијаGoogle Chrome на десктоп треба да добие темна тема наскоро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.