Иако Windows 7 е веќе скоро 10 години стар оперативен систем кој одамна не добива надградби, тој сепак остана да биде најпопуларниот Windows, но и генерално оперативен систем во светот. Корисниците едноставно не се решаваа да го инсталираат најновиот Windows 10, односно огромен број од нив решија да останат на Windows 7.
Иако оваа бројка се’ уште останува голема, конечно таа е намалена и Windows 7 веќе не е оперативниот систем број 1 во светот. Тоа место конечно го презема Windows 10, а овој тренд ќе продолжи и во иднина.
Останува само како Microsoft да ги мотивира големиот број на бизниси да преминат на Windows 10, а тука се и големиот број на обични корисници кои кога ќе купат нов компјутер, тие на него го инсталираат Windows 7.
Може слободно да се каже дека некоја сериозна причина за одбивањето да се користи Windows 10 нема. Оперативниот систем е одлично изработен, стабилен, а веќе е и во поодмината фаза на развој. Тие кои не ги интересираат модерните апликации, воопшто не мора да ги користат, а и Старт менито со тек на време ги доби сите потребни можности за сите да може без проблем да го користат.
Освен компаниите кои не сакаат да ги направат трошоците за мигрирање на компјутерите на понова верзија, обичните корисници едноставно немаат логичен аргумент за одбивањето да се префрлат на Windows 10.