Samsung Galaxy S10, S10+ и S10e се официјалните имиња на трите нови телефони кои ќе ги претстави компанијата идната среда.
Дека ќе има три модели, како и дека нивните имиња ќе бидат овие, се претпоставуваше се додека Samsung Франција не ги објави по грешка, односно пред време, на нивната страна.
Оваа страна сега е тргната, се разбира, но тие што успеале да ја „начекаат“ ја пренесоа веста, а и направија screenshot. Се надеваме само дека се работи за вистинска слика, а не нарочно изменета. Сликата во продолжение.

Инаку, сите претпоставки завршуваат идната среда кога ќе бидат претставени овие нови телефони. На Unpacked настанот, кој се одржува во Сан Франциско, Смартпортал ќе биде присутен и директно ќе го пренесе претставувањето.