Годинава ги видовме првите паметни телефони со 6 GB рам меморија, но од почетокот на наредната година ќе има и телефони со 8 GB рам меморија, благодарение на новиот модул на Samsung.
Многумина ќе помислат дека воопшто и не е потребно да имаме толку меморија во нашите паметни телефони и со тоа се сложувам, но од друга страна оваа рам меморија би можела да биде прилично погодна за таблетите. Имено, бидејќи има димензии од само 15х15х10 милиметри, новиот LPDDR4 модул на Samsung би можел да придонесе за исклучително тенки таблети со високи перформанси.
Ова ќе биде и еден од првите чипови воопшто кој ќе биде изработен со транзистори со големина од 10 nm. За да може да се изработи со толку мали транзистори, оваа рам меморија е изработена од исклучително чист силикон и засега само Samsung има пристап до таа технологија. Од наредната година би требало да пристигнат и процесорите со големина од 10 nm на Samsung, што е најава дека Galaxy S8 веројатно ќе биде првиот и телефон со цел сет на чипови од 10 nm.
Меморијата ќе биде и исклучително брза – ќе работи на 4.266 Mbps, што е двојно побрзо од DDR4 за десктоп компјутерите на пример. Вкупно, овој чип ќе овозможи проток од 34 GBs, што е фантастична бројка. Благодарение на ова, новата рам меморија ќе овозможи мазна репродукција на 4K видео и работа со виртуелни машини, нешто што досега беше резервирано само за компјутерите и лаптопите.
Извор: PC World, PC Mag, Anand Tech