Фото: Shutterstock.com

Иако има уште доста време до претставувањето на наредната генерација од најдобриот чип од Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 3, неофицијалните информации веќе стана стандардно да излегуваат што порано.

Според @Tech_Reve, Snapdragon 8 Gen 3 повторно ќе донесе промена на конфигурацијата на јадрата, овој пат со најмал број на јадра за заштеда на енергијата. Ова треба да донесе доста поголемо подобрување на перформансите на чипот, а зголемувањето на ефикасноста генерално ја овозможува ваквата конфигурација.

Конфигурацијата на чипот наводно ќе биде 1+5+2, односно осум јадра од кои едно Cortex-X4 кое би работело на 3.75GHz, пет Cortex-A720 јадра на 3.0GHz, како и уште две Cortex-A520 јадра на 2.0GHz.

Ова е едно јадро помалку од тие за заштеда на енергија во споредба со Snapdragon 8 Gen 2, односно две во споредба со претходниот модел. Бројот на јадра со високи перформанси е најголем досега, што значи дека треба да се очекува доста големо подобрување на перформансите, а посебно кога се користат повеќе јадра.

Процесот на изработка кој се најавува е N4P од TSMC, а графичкиот процесор треба да биде Adreno 750.

Според некои, тестирањата покажале дека овој чип има подобри перформанси од A16 Bionic од Apple, кој се користи кај iPhone 14 Pro серијата. Сепак, Apple оваа година ќе претстави нова генерација од нивниот чип, па можеби оваа споредба не значи многу, а тука се и другите фактори, како софтверот, оптимизацијата и слично, нешто во кое Apple се’ уште се понапред од конкуренцијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСо DuckAssist, DuckDuckGo се приклучува на трендот на користење „генеративна“ вештачка интелигенција
Следна статијаЕкспертите на Samsung за ТВ уреди ги откриваат важните достигнувања, но и она што нè очекува во иднината на технологијата на екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.