Нема компанија која ќе остане „покуса“ и нема да се приклучи на трендот на интеграција на вештачката интелигенција во нивните сервиси и производи. Со оглед на тоа колку е позната ВИ, поточно „генеративната“ вештачка интелигенција кај интернет пребарувачите, новиот Bing веќе функционира, а се чека и на Google, алтернативниот пребарувач DuckDuckGo го претстави нивниот начин на влез во овој сектор.

DuckAssist е новината која ја претставија од оваа компанија и за разлика од конкурентите, барем на почеток, истата не вклучува бот за разговори, каков што има Bing, на пример.

DuckAssist е еден вид на унапредување на Instant Answer функцијата која ја има DuckDuckGo, а ја имаат повеќето пребарувачи и ќе функционира на основа на Wikipedia. Поточно, сите поставени прашања кои може да бидат одговорени врз основа на статиите, односно информациите достапни на Wikipedia, ќе бидат овозможени во форма на сумирање на информациите.

Пребарувањата кои влегуваат во оваа категорија ќе може да се препознаат по посебната икона која ќе биде достапна на почетокот од одговорите, па корисниците со притискање ќе можат да добијат конкретен одговор.

Покрај од Wikipedia, DuckAssist во поретки ситуации ќе влече информации и од Britannica. Системот е направен на основа на технологијата од OpenAI, како и од Anthropic.

Со оглед на тоа што DuckDuckGo е пребарувач чија основна функција е приватноста на корисниците, од компанијата истакнуваат дека за да се користи DuckAssist нема да има потреба од најавување со сметка, а исто така тие нема да споделуваат информации со OpenAI и Anthropic. Дополнително, пребарувањата нема да се користат за тренирање на моделот на вештачката интелигенција.

Од компанијата истакнуваат дека како и сите други модели, може да се очекуваат грешки, а тие во основа се случуваат зошто генеративната ВИ технологија е направена да генерира текст за секое барање без разлика дали го знае одговорот или не. Сепак, малиот број на извори, како и неможноста да се разговара со DuckAssist треба да го намалат бројот на грешки што се појавуваат.

ИЗВОРDuckDuckGo
Претходна статијаMeta развива конкурент на Twitter во стилот на децентрализираната Mastodon
Следна статијаПроменета конфигурација на јадрата и подобри перформанси се најавуваат за Snapdragon 8 Gen 3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.